5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски агенти во Холандија планирале хакерски напад на надзорното тело за хемиско оружје

Холандските безбедносни служби во април протерале четворица руски разузнавачи поради хакерска операција чија цел била надзорното тело за глобално хемиско оружје – ОПХВ, соопштија официјални лица.

Според информациите, сајбер-операцијата од страна на руската воена разузнавачка служба – ГРУ, била насочена кон Организацијата за превенција на хемиско оружје (ОПХВ) во Хаг, објавија холандски официјални претставници.

Во меѓувреме, ОПХВ испитува хемиски напад врз поранешниот руски шпион во Велика Британија. Исто така, ги испитува и наводните хемиски напади во Сирија. Русија секогаш негирала дека врши хемиски напади.

Холандските власти рекоа дека заговорот е откриен во корелација со Велика Британија и САД.

Четворицата осомничени имаат дипломатски пасоши, а со нив имаат и ИТ-експерт, како и агенти за поддршка, велат официјалните претставници.

Тие ангажирале автомобил и се забележани како разгледуваат, со цел да извршат хакерска операција насочена кон ОПХВ.

Претходно Велика Британија ја обвини руската разузнавачка служба – ГРУ, дека стои зад четири сајбер напади од висок профил, а цел на нападите биле фирми во Русија и Украина, американската Демократска партија и мала телевизија во Британија.