16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија влегува во НАТО уште во јануари?

Преговорите за влез на Македонија во НАТО се веќе почнати и би можеле да бидат завршени до јануари 2019 година, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што е објавено на интернет страницата на НАТО, тој наведува дека од Алијансата внимателно го следеле консултативниот референдум што се одржа во неделата.

„Вчера разговарав со премиерот Зоран Заев и ќе останеме во близок контакт“, изјавил генералниот секретар на НАТО.

„Го поздравувам гласањето ‘за’ на референдумот. На Скопје е да одлучи за следните чекори. НАТО е подготвено да ја прифати земјата како триесетта членка. Но, единствениот начин за тоа е спроведувањето на договорот за промена на името (постигнат со Грција). Не постои друг пат за членство во НАТО“, рече Столтенберг.

Тој наведува дека протоколот за пристапување на земјава кон Алијансата може да биде потпишан кога сите уставни промени поврзани со новото име ќе бидат финализирани.

„Со тоа Скопје ќе добие столче во НАТО веќе на почетокот од следната година. Ова е историска прилика. Ги повикувам сите политички лидери и партии да соработуваат конструктивно и одговорно, со цел да ја искористат истата“, додава генералниот секретар на НАТО.

Спонзорирано: