14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Му се заканувал на премиерот Зоран Заев – полицијата веднаш затропала на вратата на овој струмичанец

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец кој преку лажен профил на „Фејсбук“ му се заканувал на премиерот Зоран Заев и на неговото семејство. Тој ќе одговара за загрозување на нивната сигурност.

Како што информира МВР, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесел кривична пријава против 33-годишниот Д.П. од село Мокрино, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.

Тој со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот и неговото семејство.

Спонзорирано: