8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Голема полициска акција: Се апсат десничарски екстремисти поради терористичко здружување

Канцеларијата на германскиот обвинител денеска нареди апсење на шестмина мажи осомничени за формирање на ултрадесничарска терористичка организација во градот Кемниц, во источна Германија, каде што минатиот месец избија конфликти поради демонстрациите против мигрантите.

Обвинителството објави дека сите шестмина се германски државјани на возраст меѓу 20 и 30 години.

Се тврди дека тие формирале група наречена „Револуција Кемниц“ со уште еден човек, кој беше уапсен во рамки на друга истрага претходниот месец. Обвинителството во соопштение објави дека осомничените планирале да спроведат вооружени напади врз странци и политички противници.

Повеќе од 100 полицајци учествуваат во акцијата за апсење во Саксонија и Баварија.

Спонзорирано: