13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Важна вест граѓаните: Еве што треба да направите доколку се обидат да ве спречат да гласате!

Граѓаните кои сметаат дека им е нарушено избирачкото право на референдумот, тоа ќе може да го пријават во Државната изборна комисија, кај набљудувачите на изборите и во институции и организации што го надгледуваат спроведувањето на референдумот.

Државното јавно обвинителство, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет ќе бидат отворени до 19 часот за граѓаните кои ќе сакаат да пријават повреда на гласачкото право на референдумот.

Комисијата на Основното јавно обвинителсто следи дали некој ќе направи кривично дело против изборите и гласањето. На електронската адреса на комисијата (referendum@jorm.gov.mk) граѓаните, партиите, невладините организации, домашните и меѓународните институции, може да ги пријават неправилностите со организирањето и спроведувањето на гласањето.

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Хелсиншкиот комитет за човекови права информираше дека нивната канцеларија во Скопје, во близина на градскиот парк, ќе биде отворена во текот на целиот ден, за да им се овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на референдумското изјаснување. Евентуалните случаи на повреда ќе можат да се пријават и на телефонските линии +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436 и на електронската пошта helkom@mhc.org.mk.

Спонзорирано: