17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: ФБИ има одврзани раце во истрагата против судијата Кавано

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ФБИ има одврзани раце во истрагата против Брет Кавано, неговиот кандидат за судија на Врховниот суд, изразувајќи надеж за позитивен резултат од истрата.

ФБИ почна нова истрага за Кавано, поради обвинението за сексуална злоупотреба. Дебора Рамирез е една од жените кои го обвинија, а која тврди дека сексуално ја нападнал додека биле студенти на Јејл. Таа прифатила да соработува со Федералното истражно биро, објави АП.

Адвокатот на Дебора Рамирез рекол дека агентите од ФБИ сакаат да разговараат со неа.

Трамп вчера на новинарите во Белата куќа им рекол дека „ФБИ ќе работи тоа што мора, дури и работи на кои никогаш не сме помислиле“, додавајќи дека сака да бидат испрашани сите за кои бирото, според свое дискреционо право, ќе смета дека треба да бидат испрашани.

Трамп нагласил и дека група демократи употребила намилосрдна тактика против Кавано, како и дека демократите се решени да ја вратат власта на свој начин, навредувајќи кој било што ќе им се најде на патот.

Белата куќа нареди истрага од страна на ФБИ против Кавано, откако тоа го побара Одборот за правосудство во Сенатот.

„Почна седмата истрага на ФБИ за судијата Кавано. Еден ден ќе биде признат како прекрасен судија на Врховниот суд“, Трамп во петокот напиша на „Твитер“.