17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Графити, транспарент и напад за референдумот – полицијата регистрираше проблеми

Во текот на ноќта и утрово во полицијата е пријавено дека на неколку места се испишани графити во врска со референдумот. Според полицијата има еден случај на поставен транспарент, а скопјанец пријавил дека бил вербално нападнат во врска со гласањето на референдумот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово, околу 06.10 часот пријавено е дека на локален пат село Петровец – село Катланово во близина на училиштето ,,Кочо Рацин“ во село Петровец биле испишани графити во врска со референдумот.

Утрово во 05.55 часот е пријавено дека на училиштето “Александар Здравковски” во село Јегуновце, Тетовско бил испишан графит во врска со референдумот.

Вчера, на подрачјето на Полициска станица Карпош на неколку локации во близина на Основно училиште „Петар Поп Арсов“, каде било сместено избирачко место за „Референдум 2018“ биле испишани графити во врска со референдумот. Графит бил испишан и во училишниот двор на игралиштето. Исто така, графит бил испишан и во дворот на градинката „Пролет“.

Вчера во 16,40 часот во ПС ОН-Карпош, било пријавено дека во непосредна близина на ОУ „Вера Циривири Трена“ каде било сместено Избирачко место за „Референдум 2018“, на ѕидот од зградата бил испишан графит во врска со референдумот.

Графит бил испишан и на ул. „Веселин Маслеша“ во непосредна близина на ОУ „Вера Циривири Трена“ каде е сместено Избирачко место за „Референдум 2018“.

Вчера на подрачјето на Полициска станица Центар, на улица „50-та Дивизија“ во непосредна близина на влезот во Средно медицинско улишиште „Панче Караѓозов“, бил испишан графит во врска со Референдумот.

Вчера на подрачјето на Полициска станица Центар, на улица „50-та Дивизија“ во непосредна близина на влезот во Средно медицинско улишиште „Панче Караѓозов“, бил испишан графит во врска со Референдумот.

Ноќеска во 02,49 часот било пријавено дека графит бил испишан пред влезот на културниот дом во село Дељадровци, Скопско.

Ноќеска, околу 00,30 часот при обиколка на полициски службеници било забележано дека во село Мислешево, Струшко во близина на гласачко место бил поставен транспарент во врска со референдумот.

Во Полициската станица Центар вчера во 13.30 часот 44-годишен скопјанец пријавил дека во 00,15 часот во кафе бар во Скопје додека бил со негов пријател му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во безсознание. Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: