14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Одѕивот на референдумот до 11 часот е 8,03 отсто

Одѕивот на референдумот до 11 часот е 8,03 отсто од запишаните гласачи, информираа на втората прес-конференција на Државната изборна комисија.

Највисок одѕив има во Центар – 13,31 проценти, Крива Паланка 13,08 проценти и Карпош –
12,51 процент.

Најнизок одѕив има во Могила – 3,16 проценти и Пласница 3,30 проценти.

Според портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, гласањето тече мирно и без проблеми. Таа потсети дека во процесот на гласање гласачите имаат право на два вида приговори. До овој момент се поднесени седум приговори за заштита на личното избирачко право, од кои три се одбиени, а четири се во фаза на обработка. Таа објасни дека приговорите се однесуваат најчесто на тоа што граѓаните не биле запишани во изводите на Избирачкиот список. Таа вели дека во законски рок ќе им биде одговорено од страна на ДИК.

Таа додаде дека има одѕив и на телефонската линија која што е отворена во текот на целиот изборен ден и дека граѓаните најчесто поставувале прашања околу постапката за гласање.