9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ осигури 1,1 милион евра за проекти за деминирање во Босна и Херцеговина

Европската Унија обезбеди 1,1 милион евра за два проекта за деминирање во Босна и Херцеговина, од кои еден се однесува на реистражување сомнителни површини, а другиот за формирање нови бази на податоци за минирани области и веб-апликации.

Договорот за двата проекта на ЕУ, која од 1996 година инвестира 46 милиони долари за програми за деминирање, беше потпишан денеска.

Повеќе од 20 години по завршувањето на војната во Босна и Херцеговина, сè уште се евидентираат неексплодирани бомби и мини, а според процените на Центарот за деминирање на БиХ, околу 2,2 отсто или 1.091 милион квадратни метри се минирани, од кои 60 проценти се наоѓаат под шума.

Според последните податоци, проблем со мини имаат 129 општини, односно 1.398 области во овој момент се погодени.

Контаминацијата со мини директно влијае на безбедноста на речиси 545.603 жители или 15 отсто од вкупното население.

Спонзорирано: