23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Мицкоски не сака Македонија да успее

Во последните денови пред најзначајната одлука во историјата на независна Македонија, Христијан Мицкоски се обидува да ја напаѓа македонската иднина. Во вчерашното обраќање Мицкоски се обиде да ги оспори сите важни случувања од поновата историја што на Македонија ѝ донесоа мир и стабилност, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

„Дали Мицкоски смета дека во турбулентните 90-ти не требаше да влеземе во ООН? Дали според Мицкоски во 2001 година не требаше да се донесе Рамковниот договор и не требаше да запре воениот конфликт? Дали на Мицкоски му пречи силната поддршка што Македонија ја добива од целиот свет?

Настапот на Мицкоски покажува дека тој има проблем со подобрата иднина и перспективите што се отвораат пред граѓаните на Македонија. Зошто Мицкоски не сака Македонија да оди напред и зошто работи против македонската иднина?

Никаде досега не е познато лидер на политичка партија да нема став за најважното прашање за иднината. Никаде не се видело лидер на најголема опозициска партија да не сака да ја види својата земја напред во подобра иднина.

Очигледно е, Мицкоски не сака Македонија да успее. Мицкоски може да биде уште порадикален, може да фрла со дрва и камења кон македонската иднина, но, за среќа, Мицкоски не е тој што одлучува.

Одлучуваат граѓаните, чие мнозинство е силно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните што ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство што ќе каже „за“ европска Македонија. Мицкоски очигледно останува изолиран на браникот на криминалите“, истакна Костадинов.

Спонзорирано: