12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе дува ветер со брзина од 90 км/ч, температурата ќе се спушти и околу нулата – еве од кога

Утре во првата половина од денот ќе се задржи топло со умерен југозападен и западен ветер.

Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 км/час, а тоа ќе услови нагло заладување.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.

Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Спонзорирано: