10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Зимница за 20 минути: Најбрз начин за подготовка на пиперки за зима

Без напорно печење и лупење пиперки…

Состојки: лук, сол, масло, оцет, црвени пиперки

Начин на подготовка:

Во исчистените пиперки ставете по лажичка сол и редете ги во плех.

Пиперките ставете ги во загреана рерна, но не да се испечат туку само додека „не паднат“ околу 10 минути. Оставете ги малку да се изладат.

Во чинија ставете исечкан лук и прелијте го со масло и оцет по вкус, па измешајте.

Пиперките редете ги во тегли или пластичен сад, ако планирате да ги јадете наредните неколку денови, и прелитје ги со мешавина со лук, и така повторувајте додека не останете без состојки.

Притиснете ги пиперките и оставете ги малку да отстојат, но не ги поклопувајте. Кога ќе пуштат вода само исцедете и затворете го садот.

Спонзорирано: