3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на Џафери со членовите на Мешовитиот парламентарен комитет од Европскиот парламент

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со членовите на Мешовитиот парламентарен комитет, кои се тука по повод 15. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија, чиј домаќин е токму Собранието.

На почетокот на средбата Џафери им посака срдечно добредојде во законодавниот дом и им посака плодна и успешна работа на состанокот што следува. Притоа рече дека преку Мешовитиот парламентарен комитет се остварува интензивна соработка и комуникација со Европскиот парламент, кој во континуитет искажува силна поддршка за нашиот евроинтеграциски процес. За Република Македонија, одржувањето редовни дијалози со природните стратешки партнери е значајно бидејќи тоа придонесува за оценување на напредокот во реформскиот процес и забелешките и препораките што ги добиваме секогаш ги сметаме за поддршка на нашиот демократскиот развој.

Од страна на членовите на Мешовитиот парламентарен комитет беше искажана благодарност за овозможената средба во овој толку интензивен период за Собранието и за Република Македонија. Тие ги пренесоа впечатоците од претходно остварените средби со политичките фактори во политичкиот спектар на Македонија, при што потсетија дека Република Македонија беше земја најзрела за прием во споредба со другите земји од Западен Балкан. Искажаа оптимизам и поддршка за овој обновен европски дух, а знак на таа поддршка се зачестените посети на многубројни претставници на меѓународната заедница и дека можеби тоа изгледа како некој вид притисок, меѓутоа тоа треба да се сфати само како посветување внимание и желба за успешно заокружување на сите фази од претходно постигнатиот договор во Преспа.

Во продолжение членовите пројавија интерес за процедурата во сите фази и претседателот Џафери детаљно им ја објасни целата постапка, при што рече дека очекувањата се дека референдумот ќе биде успешен по што ќе следува усвојувањето на уставните измени за потоа договорот да биде ратификуван и од грчка страна. Тој додаде дека граѓаните се свесни дека нема друга опција, освен Република Македонија да има успешен преговарачки процес за влез во ЕУ и НАТО и дека секое друго предвидување би било само губење драгоцено време.

Спонзорирано: