14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на Мицкоски со Мешовитиот парламентарен комитет за претстојниот референдум

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Мешовитиот парламентарен комитет на Европската Унија и Република Македонија. На средбата се разговараше за евро-атлантската иднина на државата, актуелните политички случувања во државата, како и претстојниот референдум.

Како што соопшти партијата, соговорниците биле едногласни дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

„Мицкоски ја истакна посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е од стратешки и државен интерес. Тој им посочи на своите соговорници дека ВМРО-ДПМНЕ договорот за името со Грција не може да го прифати поради фактот што тој е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потврди и ставот дека граѓаните на Република Македонија се доволно зрели и достоинствени за самите да одлучат како ќе постапат на 30 септември.

На претставниците од Европскиот парламент им беше укажано дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: