5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ му подаде рака на Мицковски: Вакво нешто досега нема направено ниту една владејачка партија низ историјата

Зошто само на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што македонскиот идентитет е признаен од целиот свет? Што има ВМРО-ДПМНЕ против влез во ЕУ и НАТО со заштитени и загарантирани македонски јазик и идентитет?, прашуваат од СДСМ како реакција на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Македонско – грчкиот Договор јасно ги дефинира термините Македонец, Македонка, македонско, македонски и трајно ги заштитува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност за никој повеќе да не може да ги негира или оспорува. Крајно време е матрицата на ширење лажни вести ВМРО – ДПМНЕ да ја замени со искрена, одговорна, државотворна поддршка за македонската иднина, за членството на Македонија во ЕУ и НАТО и успешност на претстојниот референдум. Тука сме да му помогнеме на Христијан Мицкоски за да се охрабрат, да размислат и да донесат став за референдумот, за иднината“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат доволно време да се приклучат кон мнозинството граѓани и да дадат поддршка на процесите што водат во ЕУ и НАТО.