14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Али Ахмети од Брвеница: Да стоиме што подалеку од политиките на Истокот, овој народ историски ` припаѓа на западната култура

Демократската унија за интеграција во пресрет на активностите во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември одржа собир со граѓаните во oпштина Брвеница.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека треба да стоиме што подалеку од политиките коишто се под влијание на Истокот затоа што историски овој народ ` припаѓа на западната култура.

,,Тука не станува збор само за референдум што ќе се одржи на 30 септември, но станува збор за стратегиски, геополитички планови, затоа на 30 септември се запечатува поновата историја на Република Македонија, за тоа дали ќе припаднеме во блокот за кој сме се ангажирале веќе 17 години, станувајќи филозофска и историска определба за да се построиме до земјите членки на НАТО. Една друга историска мисија е ова земја да стане членка на Европската Унија. На 30 септември се одлучува за иднината на ова земја, се одлучува за новите генерации на ова земја. Имаме историска одговорност сите ние заедно”, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во oпштина Брвеница присутни беа и пратеникот Џеват Адеми, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот Хазби Лика и државниот секретар во Министертвото за земјоделство, Нефрус Челику.