4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

По трагедијата во Скопје: Возилото на вештачење, возачот на алкотест

Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на местото на настанот на булеварот Србија во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука, налетало товарно моторно возило „пежо партнер” со велешки регистерски ознаки.

Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето сè уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Веднаш по несреќата јавниот обвинител издаде наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата жена ќе се врши обдукција.