5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Русите со неочекуван потег за референдумот во Македонија: Њујорк тајмс објави детали

„Москва прави големи напори за неуспех на референдумот на кој на 30 септември Македонците треба да се изјаснат дали прифаќаат влез на земјата во ЕУ и НАТО“, објави синоќа „Њујорк тајмс“, оценувајќи дека главна цел на оваа пропагандна кампања која се одвива по македонските социјални мрежи и по медиумите е спречување на ширењето на НАТО.

Весникот наведува дека американскиот Конгрес на почетокот на 2017 година одвоил 8 милиони долари буџетски средства за борба против руската пропаганда во Македонија, но парите сеуште не се искористени. „Средствата за борба против руската пропаганда во Македонија беа задржани цела година и допрва треба да бидат ефективно распределени“, изјави за весникот анонимен извор.