34.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Спасовски во Арачиново: Целиот свет ја поддржува Македонија еднаш засекогаш да ја обезбеди својата иднина

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, учествуваше на граѓанска трибина во општина Арачиново, каде со граѓаните разговараше за процесот на интеграција и придобивките од членството во ЕУ и НАТО.

„Со членството во НАТО иднината е сигурна. Тоа е голема работа, се работи за иднината на државата, на граѓаните на нашите деца. Обезбедена, еднаш-засекогаш. Нема повеќе неизвесност, ја оставаме назад во минатото и одиме напред. Интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, значи сите граѓани од Македонија, припадниците на сите заедници, да ги уживаат сите права како граѓаните од земјите членки на ЕУ и НАТО. Со влезот во ЕУ и НАТО Македонија станува рамноправен член на најмоќните светски сојузи“, рече Спасовски.

Министерот за внатершни работи Спасовски, истакна дека целиот свет ја поддржува Македонија и дека од најзначајните светски лидери што деновиве се во посета на нашата земја се поздравени напорите што ги прави Македонија, особено концептот на едно општество за сите што ја движи Македонија напред.

Зборувајќи за придобивките од членството во ЕУ и НАТО, Спасовски истакна дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи обезбедува зголемена безбедност и сигурност, зачуван територијален интегритет, а Македонија станува сигурна дестинација за нови странски инвестиции што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и повисок стандард за сите граѓани.

Министерот Спасовски денеска го посети и полициското одделение во Арачиново. Раководството на полициското одделение информираше дека безбедносната состојба е стабилна, а на средбата се разговараше и за мерките со кои ќе се подобрат условите за работа во ова полициско одделение.

Спасовски оствари средба и со градоначалничката Миликије Халими, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир.