5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Нов шумски пожар во Калифорнија, наредена евакуација

Северниот дел на Калифонрија е зафатен од нов шумски пожар штосе шири со огромна брзина, а огнот ги принуди властите да го прекинат во целост сообраќајот на автопатот 5.

Во меѓувреме, бидејќи пожарот се шири многу брзо, официјалните лица ги повикаа граѓаните итно да се евакуираат.

Пожарот во областа Шаста беше пријавен вчера попладне и по неколку часа се прошири на 500 хектари, а се шири на површина од околу 320 километри северно од Сан Франциско.

Како што посочуваат властите, на самото место има неколку хеликоптери и авиони во гасењето на пожарот, како и копнени екипи, а се очекува бројот на противпожарни екипи да се зголеми.

Пожарот се случува неколку недели по срашниот пожар во кој загинаа осум лица и изгореа околу 1 100 куќи во истата област.