16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На демонстрациите во Ирак загина едно лице, 25 повредени

Најмалку еден демонстрант беше убиен, а 25 лица беа повредени во судирите со припадниците на безбедносните сили во ирачкиот град Басра минатата ноќ, изјавија локални извори од здравството, безбедносните служби и од организациите за човекови права.

Во јужниот дел на Ирак во изминативе неколку недели избувнаа немири, поради излевањето на гневот на демонстрантите во врска со распаѓањето на инфраструктурата, исклучувањето на електричната енергија и корупцијата. Жителите на Басра, град во кој живеат повеќе од два милиони луѓе, велат дека изворот на вода е загаден со сол, што доведе до хоспитализација на стотици луѓе кои ја пиеле во текот на летото.

Демонстрантите го блокираа влезот во блиското пристаниште Ум Каср, кое е главното место за увоз на стоки, а блокиран е и автопатот меѓу Басра и Багдад. Во Басра е запалена зградата на провинцискиот гувернер, каде што демонстрантите протестираат трета ноќ по ред.

Спонзорирано: