27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Договорот има смисла само ако Белград го признае Косово

Еден ден пред продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, косовскиот премиер, Хашим Тачи, повтори дека можностите за постигнување договор се многу мали и дека конечниот договор ќе има смисла само ако Србија го признае Косово како држава.

Тачи, зборувајќи на амбасадорска конференција во Приштина, истакнал дека Приштина ќе вложи максимален напор за да се отстранат сите пречки за членство на Косово во ОН.

„Косово нема смисла без Митровица и Газивода. Нема да има раздвојување, нема да има размена и нема да има Република Српска на Косово“, повтори Тачи.

Тој порача дека сите кои кажуваат за раздвојување и припојување ги охрабруваат Србите и го отежнуваат дјалогот во Брисел.

„Газета експрес“ потсетува дека опозицијата денеска уште еднаш ќе се обиде да одржи седница на парламентот, на која на дневен ред би можела да се најде предлог-резолуцијата која ќе му оневозможи на Тачи во Брисел да разговара за границите на Косово кон Србија.