9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Со ветувања за членство во ЕУ и НАТО, власта ја дефокусира јавноста од штетната суштина на договорот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска беше во посета на Градско како дел од теренските активности кои опозициската партија ги спроведува ова лето.

„Она што можам да го забележам е дека покрај најголемото прашање, најголемиот проблем за сите граѓани, а тоа е нели референдумот и договорот во однос на името, дека граѓаните ги тиштат и секојдневните обични проблеми“, посочи Јанушев.

Тој додаде дека се поевидентно е зошто референдумското прашање е поставено всушност со три прашања:

„Тоа е само со цел за да се избегне да не се разговара и да не се објаснува договорот, туку целосно да се насочат кон објаснување колку ЕУ и НАТО како перспективи се позитивни за Република Македонија и веројатно тоа е нешто единствено во кое се согласуваме“, нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, како што рече тој, многу побитно од тоа е дека во ЕУ не може да се влезе со криминал и со корупција со злоупотреба на државни пари.

„Мора да разбереме дека ова не е референдум за Македонија, ова е референдум за Северна Македонија. Ова е тоа на што треба да работиме за да го доближиме до граѓаните, дека СДСМ ова што го прави преку кампањата на еден перфиден и речиси суптилен начин се обидува да протне кај граѓаните нешто што едноставно не може да помине“, истакна Јанушев и им порача на жителите на Градско во детали да го погледнат договорот со Грција, за да на некој начин разберат зошто ВМРО-ДПМНЕ како партија се спротивставува на истиот и зошто не го прифаќа.

Спонзорирано: