10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Адвокатите на Груевски бараат изземање на Катица Јанева

Обвинетиот експремиер Никола Груевски и неговите адвокати не се појавија на денешната јавна седница во Апелацискиот суд.

Адвокатите на Груевски го известиле судот дека се ангажирани за други предмети во кривичниот суд. Тие меѓудругото го известиле судот и дека бараат изземање на специјаната јавна обвинителка Катица Јанева.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека барањето за изземање на Јанева е недозволено бидејќи не е дозволено изземање ниту на јавен обвинител.

Судот даде пауза за да одлучи по барањето на адвокатите на Груевски.

Во секој момент во судот се очекува да пристигне документ потпишан од Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во кој таа треба да се произнесе за барањето за нејзино изземање.

Спонзорирано: