23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсен и притворен Б.А.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против 54-годишниот Б.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство”.

Според информациите од МВР, на 2.09.2018 година околу 20:00 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата 52-годишна сопруга П.В., пријавениот со нож ѝ нанел убодна рана во пределот на стомакот. Бидејќи жената многу крвавела, околу 2:30 часот ноќта, пријавениот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Спонзорирано: