25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Американците масовно ги уништуваат своите „најк“ патики од политички причини

Сè повеќе луѓе во Америка ги уништуваат своите „најк“ облека и обувки, а снимките од ваквиот чин ги објавуваат на интернет. Причината за тоа е политичка.

Имено, преку ваквиот гест тие го изразуваат својот протест, бидејќи компанијата „Најк“, светски познат производител на спортска облека и опрема, за својата најнова кампања го ангажираше Колин Каперник, поранешен професионален рагби играч кој пред две години предизвика гнев кај американските десничари бидејќи остана да седи на клупа за време на интонирањето на американската химна.

Каперник, кога го прашаа зошто тој не станал за време на изведбата на националната химна, рече дека тоа е вид на протест поради големиот број на полициски убиства на невооружени Афроамериканци. Спортистот цела сезона продолжи да коленичи за време на изведувањето на химната, а иако следната сезона на потпиша за ниеден клуб, неговата постапка продолжија да ја следат неколку други рагби играчи.

Новата рекламна кампања на „Најк“, која започна во понеделникот навечер, покажува фотографија од Каперник со текст: „Верувај во нешто, дури и ако тоа значи жртвување на сè“.

Практиката на коленичење за време на изведбата на државната химна остро ја критикуваше и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека тоа е непочитување на американското знаме и војската.

Кратко време по лансирањето на новата кампања на „Најк“, по социјалните мрежи почнаа да се појавуваат слики од уништување на патики и облека од оваа компанија. На некои снимки може да се види како горат „најк“ патики, додека други се одлучиле за сечење на логото „најк“ од своите чорапи.