Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИнтервјуТОП ВЕСТИ

Есклузивно интервју за Centar.mk со Јан Гел, светски познат архитект и промотор на филозофијата „Градови за луѓе“

Интервју со Јан Гел, светски познат архитект и промотор на филозофијата „Градови за луѓе“

Градот треба да обезбеди услови за физичко движење на секој човек

Повод за ексклузивното интервју со познатиот Јан Гел е денешното потпишување на Меморандум за соработка со Град Скопје и промоција на неговата книга „Градови за луѓе“

Centar.mk: Вашата посета на Скопје претпоставува дека Градот станува метропола, затоа што Вашата биографија покажува успешна соработка со многу светски метрополи?
– Поентата е Градот да биде добар град, не метропола. Знам многу големи метрополи кои се добри градови, но знам и многу помали градови, кои се одлични за живеење. Пример, Копенхаген во Данска. Ние таму одлучивме да не градиме вискои згради за да бидеме метропола, туку да направиме добар град. Се фокусиравме на тоа Копенхаген да биде одличен град за живеење за луѓето, а не да го направиме мал или голем град.

Centar.mk: Каква соработка очекувате со Град Скопје, со кој денес потпишувате Меморандум. Очекувате ли Градот да ја ангажира Вашата компанија, каде Вие сте основач, за да направи студијата за условите за живеење во Градот Скопје?
– Соработката со Град Скопје не зависи од наша страна, туку од подготвеноста на Градот за соработка. Доколку сака добра соработка и најде средства за да ја оствари и одржуваа оваа соработка, тогаш преку мојата компанија ќе подготвиме план и стратегија Скопје да биде добар град. Затоа, се надевам дека соработката со Скопје ќе биде иста како со Софија, каде за една година, направија низа значајни чекори за да станат добар град.
Во изминативе 30-тина години сум работел со повеќе од 150 градови, каде се сменија многу драматично, станаа пријателски настроени градови за живеење. Многу сум горд на Сиднеј, Москва, Мелбурн, Њујорк, Копенхаген. Развојот на градот доаќа од визионерство и лидерство. Во многу случаи, тоа зависи од лидерството на Градоначалникот, таткото на Градот за подобар град и пренесување кон нова насока на развој на градот. Тука, секако, може да се вклучи и градскиот архитект, затоа што соработката на политичар и градски урбанист, како и придонесот на невладините организации, е многу битна. Секако, треба да се најде личност која ќе повлече и ќе го смени системот на работење во Градот.

Centar.mk: Тука сте да ја промовирате книгата „Градови за луѓе“ и да учествувате на тркалезна маса. Може ли Ваше мислење – дали Скопје е Град за луѓе?
Тешко е да се одговори на ова прашање бидејќи кратко време сум во Скопје и немам доволно познавање за Градот. Сепак, од она што го видов, имам силно чувство дека Скопје се соочува со исти тип на проблеми како многу други градови во Источна Европа, градови развиени по падот на Берлинскиот ѕид и новата слобода, која ја разви и љубовта кон автомобилската индустрија. Станува збор за интензивна, но незрела љубов. Не се постигна баланс меѓу добар и моторизиран град. Ова е исто за многу градови во овој регион, вклучувајќи ја и Москва. Но, токму во главниот град на Русија, во последните 5 години, се прави одличен прогрес благодарение на лидерството а тамошниот градоначалник. Таму ги стеснија улиците за движење на автомобилите, ги проширија патеките за пешачење, изградија велосипедски патеки, засадија дрвја, нови квалитетни патеки и направија мали плоштадчиња. Со ова го зголемија бројот на луѓе кои ги користат градските јавни површини за 50 отсто и за 150 отсто кај најмладата популација – децата.

Centar.mk: Што подразбирате под филозофијата „Градови за луѓе“?

– Историјата на градското планирање, посебно во последните 50-тина години, се фокусира на технологија и на технократски решенија. Реално, како луѓе, вложуваме многу труд и многу пари во автомобилите кои се стари технички решешнија. Примитивни решенија кои нас луѓето треба да на направат мобилни, за што ни се потребни 1 тон железо и 4 тркала. Овој концепт се разви на дивиот Запад, Детроит. Тоа е одлична идеја за таму, но не е добра идеја за градови од збиен тип, не е добра идеја за здравјето, за енергетските ресурси, за одржливоста. Автомобилот е добро решение за руралните области, но не и за градските урбани средини. Затоа што, човекот, со своето раѓање, е создаден да се движи самостојно. Моја работа е да покажам дека е добро да се движиме бидејќи тоа е здрав начин на живеење. Тоа е добро за животот, за градот, за безбедноста, за одржливоста и за здравјето на луѓето.

Имаме нов сериозен предизвик – синдром на седење или премалку движење. Луѓето умираат од премногу седење. Затоа, многу научници веќе работат на дефинирање на овој проблем и на објаснување дека треба да се движиме повеќе. Движењето ги прави градовите подобри, поефикасни, а овој концепт може да функционира во сите градови, без разлика на економската состојба, бидејки се потребни многу малку ресурси за да се постигне оваа цел. Затоа што човекот е идентичен во сите градови и е неопходна мала и не многу скапа инфраструктура за да се подобри и поддржи оваа идеја. Копенхаген ја следи стратегијата Град за луѓе веќе 50тина години и е еден од најубавите градови за живеење во светот. Тоа е насоката на градовите на иднината. Не чекајте електрични автомобили, туку искористете го примерот на Копенхаген за да го направите Скопје добар Град за луѓе.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе