12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Сега Македонија дневно добива по 260.000 евра помош од ЕУ, по 30 септември таа помош ќе расте

Ова е историски момент за Македонија, затоа што граѓаните со својот глас „за“ на референдумот на 30 септември ќе донесат историска одлука за влез на нашата држава во НАТО и Европската унија, рече вечерва министерот за внатрешни работи и заменик на претседателот на владата Оливер Спасовски на средбата со граѓаните во велешко Оризари.

„Придобивките се огромни од членството во НАТО и ЕУ. Тука нема дилеми. Загарантирана е безбедноста, загарантирани се границите, а огромни се и бенефитите за економијата. Сега Македонија дневно добива по 260.000 евра како помош од Европската Унија. Таа помош ќе расте со нашиот напредок кон Европската унија“ рече Спасовски.

Членството во НАТО и ЕУ, рече Спасовски, носи повисоки приходи за граѓаните, повеќе инвестиции и работни места, поголем пазар за фирмите. Тој ги посочи како пример земјите од регионот како Хрватска, Романија… кои станаа членки на НАТО и ЕУ и веќе ги чувствуваат бенефитите од тоа.

„Инвестициите значително пораснаa, а невработенoста се намали во сите земји од регионот кои станаа членки на НАТО. Со нашиот влез во НАТО и приближувањето кон ЕУ ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе се градат уште повеќе нови патишта, водоводи, канализации, училишта, за подобро утре на нашите деца“ рече Спасовски.

Тој објасни дека просечната плата во Бугарија е зголемена двојно во однос на 2007 година, а невработеноста од 17.2% во 2007, денес изнесува 5.3%. Во Романија пак, како што рече, просечна плата од 1025 леи во 2007 година пораснала на 4527 леи во 2018 година, а невработеноста од 15.6% во 2007, денес е 4.3%.

Министерот Спасовски оствари средба и со граѓаните на Бузалково и ги повика на 30 септември масовно да излезат на гласање.

„На овој референдум одлучувате за вас, но и за иднината на вашите деца. Затоа сум убеден дека на 30 септември ќе излеземе масовно на гласање и ќе донесеме одлука за подобра иднина. Македонија чекори по патот кон ЕУ и НАТО и тука нема запирање“ рече Спасовски.

Спонзорирано: