22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Шекеринска на трибина во Струмица: На 30 септември секој глас е важен


На 30 септември граѓаните на европска Струмица ќе гласаат ЗА европска Македонија, бидејќи ова е шанса која ја чекаме од независноста, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на трибина во Струмица, како дел од караванот на коалиција „Заедно ЗА Европска Македонија“, и ги образложи придобивките за граѓаните од членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Отворениот пат кон ЕУ ќе отвори пристап до пазар од 500 милиони луѓе, перспективи за малите и средните претпријатија, за стопанството и земјоделците, а членството во НАТО значи сигурност и економски развој бидејќи инвеститорите бараат сигурна и предвидлива клима за инвестирање“, рече Шекеринска.

Министерката за одбрана пред граѓаните на Струмица зборуваше и за позитивните ефекти кои ги добија соседните земји по зачленувањето во НАТО и ЕУ.

„Бугарија ги дуплираше просечните плати, економијата се разви, инвестициите во Црна Гора во првите 6 месеци по членството во НАТО се повеќе од двојно поголеми во спредба со истиот период претходната година“, посочи Шекеринска и ги повика граѓаните да не очекуваат дека некој друг ќе ја заврши работата на референдумот – Македонија ќе оди напред, рече Шекеринска само доколку сите заедно излеземе и гласаме ЗА.

„На нашите деца, на младите им треба европска Македонија. Сакам на сите да ви порачам да работиме секој ден на тоа на 30 септември да и отвориме нова шанса на Македонија и на сите млади во оваа држава, зошто нашите млади треба да ги имаат истите шанси како маладите во Европа“, порача Шекеринска.