22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција – фрчат казни

Во текот на вчерашниот ден, како што информираат од СВР Штип во периодот од 14:00 до 20:00 часот била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои чинат прекршоци додека управуваат велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Од извршената контрола санкционирани се вкупно 53 возачи од кои 3 се исклучени од сообраќај, на 33 лица издадени им се прекршочни платни налози, 7 писмено се опоменати и 10 возачи се повикани на сообраќајна поука, стои во соопштението на МВР.