22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Јемен: Протести низ целата земја поради економските одлуки на Владата

Демонстрациите во Јемен, поради одлуките на Владата за зајакнување на локалната валута и економиите, се проширија во јужните делови на земјата, откако најпрвин избија во градот Аден.

Демонстрации се одржаа во неколку провинции, а дел од пораките кои граѓаните им ги упатија на властите беа: „Исплаќајте ни плати во долари, како што вие ги добивате вашите”.

Граѓените исто така се револтирани и поради фактот што дел од официјалните лица од Јемен моментално живеат во странство поради девизната криза во земјата, објавуваат тамошните медиуми.