11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американец осуден на смрт со бесење во Малезија

Судот во Малезија денеска го осуди на смрт со бесење Американецот Џералд Микелсон поради убиство на неговата поранешна сопруга.

Шеесет и тригодишниот Микелсон тврди дека во ноември 2016 година ја задавил сопругата во самоодбрана. Микелсон во Малезија работел како консултант, а планирал да се пресели на Филипините за да биде со новата сопруга.

Пред судот тој изјавил дека во хотел во Куала Лумпур дошло до расправија со неговата поранешна сопруга, која го нападнала. Судот донел поинаков заклучок, откако со аутопсијата било утврдено дека Гилда Микелсон освен што е задавена имала и повреди на главата.