22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Катимерини: Уште во 2008 година Скопје било подготвено да го прифати името Република Северна Македонија

Уште во 2008 година Скопје било подготвено да го прифати името Република Северна Македонија, ако тоа значело признавање на македонскиот јазик и националност, пишува грчкиот весник „Катимерини”, пренесувајќи информации на американската амбасада во Скопје, објавени од страна на Викиликс.

„Катимерини“ пишува дека информациите покажуваат дека Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија уште во 2008 година, под услов да се вклучени признавањето на „македонскиот“ јазик и националност.

Доверливата белешка под наслов „Што им треба на Македонците за да го решат спорот за името” од 29 јули 2008 година била испратена од тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, посочува „Катимерини“.

„Познато е дека Груевски не сакаше решение за спорот со името. Со цел да се потсмеваат на меѓународните играчи, тој се преправаше дека е принуден да прифати компромис. Никој не му веруваше. Освен, господинот Мицотакис “, посочи Коѕијас во соопштение до печатот по објвувањето на податоците.

Тој рече дека податоците на Викиликс покажуваат дека Скопје сака да го користи своето уставно име „Македонија“ без какви било модификатори за домашна употреба – услов што и Нова Демократија го прифатила.

„Тогашната Влада на Нова демократија тврди дека најдобро решение за спорот ќе биде името „Северна Македонија”, кое во неколку наврати беше одбиено од страна на премиерот на земјата во тоа време, Никола Груевски“, додаде Коѕијас.

Грчки „Катимерини“ додава дека откако биле објавени податоците, актуелниот грчки министер за надворешни рабти, Никос Коѕијас ги возвратил ударите на опозициската Нова Демократија.