22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Полицијата во Бразил со солзавец ги растера насобраните граѓани пред Националниот музеј

Бразилската полиција со солзавец и палки ги растерала граѓаните кои беа собрани пред Националниот музеј во Рио де Женеиро, кој доцна синоќа изгоре во пожар. Пред музејот имало неколку стотици луѓе кои сакаа да влезат внатре, пренесуваат странските медиуми.

Граѓаните побарале влез во остатоците од зградата за да видат што е уништено во огнот што синоќа го проголта 200-те години стариот Национален музеј, додаваат медиумите.

Засега се уште нема податоци што сè изгорело во пожарот.

Музејот е формиран во 1818 година и во него се наоѓаат неколку клучни колекции, вклучувајќи ја египетската колекција, грчко-римските артефакти, палеонтолошката колекција во која се наоѓа и костур на диносаурус пронајден во регионот на Минас Гераис, како и најстариот човечки фосил пронајден во Бразил.

Музејот вкупно поседува повеќе од 20 милиони вредни предмети.