13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандската банка ИНГ плати казна од 775 милиони евра поради перење пари

Холандската банка ИНГ плати казна од 775 милиони евра поради учество во перење пари, соопшти обвинителството.

Според истрагата, ИНГ со години избегнувала адекватно да го примени законот чија цел е спречување перење пари и финансирање на тероризмот, со тоа што не ги спроведувала соодветните проверки на клиентите и сомнителните трансакции.

Банката не спречила сметките на клиентите на ИНГ во Холандија да се користат за перење на стотици милиони евра во периодот од 2010 и 2016 година, соопшти обвинителството.

Директорот на ИНГ, Ралф Хамерс, изјави дека непочитувањето на законите ,,е неприфатливо и дека ИНГ ја прифаќа одговорноста во целост”.

Спонзорирано: