3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчките морнари го прекинаа штрајкот, сообраќајот повторно функционира

Грчките морнари денеска го прекинаа штрајкот поради кој траектите и патниците низ целата земја останаа во пристаништата, откако постигнаа договор со работодавците за зголемување на платите.

Ова е прво зголемување на платите на работниците во овој сектор во текот на изминатите осум години.

Штрајкот принуди многу транспортни компании да го преуредуваат распоредот на закажани пловидби, а туристите да бараат алтернативни начини да патуваат во земјата каде што туризмот е од клучно значење за економијата.

Годинава Грција ја посетија рекордни 32 милиони туристи, а сообраќајот во пристаништата е особено интензивен во текот на летото, на врвот на туристичката сезона.