13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Несфатлива кражба ја потресе Македонија: Влегол во куќа да украде кебиња, патем претепал дете

Околу 17.20 часот на улицата „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на 34-годишната Б.П. непознато лице извршило разбојничка кражба.

Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња. Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат.

На улицата „Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Спонзорирано: