10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зборот е збор, ништо не е како во времето на ДПМНЕ: Сугарески со приватно, а не државно возило ја обиколува Македонија за време на кампањата за референдумот

Активностите поврзани со референдумот, и покрај тоа што му налагаат да има право да користи службено возило, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги исполнува со приватно возило.

Заврши времето кога министрите од ДПМНЕ можеа да се видат на партиски митинзи, средби, одмори, но и во ноќните часови во викенди со разни скапи луксузни џипови во сопственост на државата.

Сега е ново време кога министрите од владата на Заев внимателно ги користат државните ресурси и не ги злоупотребуваат службените возила, туку ги користат своите приватни автомобили особено за референдумската кампања.

Инаку во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи беше пласирана лажна вест дека возилото на министерот на Сугарески било паркирано пред гаражата во Расадник, Кисела вода, што не е точно, бидејќи такво возило со тие таблички не користел министерот за транспорт ниту за своите редовни државни обврски.

Спонзорирано: