10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел доаѓа во Скопје – Силна поддршка за процесите кои ги предводи премиерот Зоран Заев

Канцеларката Ангела Меркел во сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.

– Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“, пренесува грчката новинска агенција.

Претходно новинската агенција Centar.mk ја најави посетата на лидери на најмоќните светски земји во својата ексклузивна сторија која може да ја прочитате на следниот линк:

 

Екслузивно: Светски државници, претседатели и премиери доаѓаат во Македонија – Она што ќе се случува во следните 30-тина дена ќе биде за историја!