12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва раздвижено во зградата на ВМРО ДПМНЕ – еве што се случува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партиското соопштение главна тема на средбата била претстојниот референдум и позициите на партиите во однос на ова прашање.

„Доминираше ставот дека договорот потпишан во Нивици со соседна Република Грција е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по повеќе основи. Со него се менува името на Република Македонија, Уставот, националниот идентитет, традицијата, историјата и културата. Со капитулантскиот договор на Заев не само што се брише македонскиот јазик и се откажува од Македонците надвор од границите на државата, Заев се откажува и од Македонците во границите на Република Македонија“, пишува меѓу другото во соопштението.

Коалициските партнери се согласиле дека „ваквиот капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може и не смее да биде покритие за општиот грабеж, расипништвото и хедонизмот на власта“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги известил коалициските партнери дека неговата партија продолжува со активностите на терен по што ВМРО-ДПМНЕ ќе го донесе конечниот став по однос на референдумот.

Спонзорирано: