10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Светот во шок: Полицајци ја убија познатата ѕвезда

Калифорниската полиција ја убила ѕвездата на “ER”, 49-годишната Ванеса Маркез, откако актерката им се заканила со пиштол. Инцидентот се случил откако сопственичката на станот во кој живеел актерката, повикала полиција бидејќи на Ванеса ѝ била потребна помош, пренесува “Daily Mail”.

Во домот на 49-годишната актерка пристигнале тројца полициски службеници и медицински тим, а тие наводно поминале 90 минути пробувајќи да ѝ пружат помош при што Маркез била “исклучително некооперативна”, изјавиле од полицијата.

Таа околу 14 часот извадила нешто што изгледало како пиштол, поради што полицајците отвориле оган кон неа. Ванеса била погодена во торзото и итно пренесена во болница каде им подлегнала на повредите, пренесува “The South Pasadenan”.

Полицијата по пукањето утврдила дека предметот кој актерката го извлекла не бил вистински пиштол туку реплика, а се спроведува истрага и за полицаецот кој пукал кон неа.

Маркез е позната по улогата на медицинска сестра во серијата “ER”, а таа неодамна го критикуваше Џорџ Клуни, за кој вели дека е “виновен за нејзината лоша кариера”. Таа објаснила дека Клуни направил се’ за таа да се најде на “црната листа” и го споредила со злоставувачите како Харви Вајнштајн.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ванеса поради целата ситуација психички заболела. Клуни ги отфрлил сите обвиненија и изјавил дека немал удел во нејзината кариера.

Спонзорирано: