АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од 14:45 часот сообраќајот на Плетвар се одвива наизменично.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:На 01.10.2018 година од 10,00 часот поради изведување градежни работи на регионален пат П-2345 Виница-с.Бигла-Делчево помеѓу с.Драгобраште-с.Трестија, ќе биде во прекин, сообраќајот ќе се одвива по алтернативни улици/правци.
ФРЕКВЕНЦИЈА:Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е околу 40 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.