17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Со оваа билка зачувајте го видот и здравјето: Еве зошто треба да јадете блитва

Блитвата треба да ја јадете во што поголеми количини бидејќи е вистински мелем за телото, нагласуваат заговорниците на народна медицина,а често тоа го потврдуваат и научни истражувања.

Таа, пред сè, содржи лутеин и зеаксантин, карактеристични состојки кои ги нарекуваат „витамини за очи“.

Овие состојки спаѓаат во групата каротеноиди и поволно делуваат на ретината на окото, спречуваат макуларна дегенерација, која, инаку, е поврзана со стареењето, а во светот претставува најчеста причина за слепило.

Освен што го чува видот, лутеинот на кожата пружа и заштита од УВ зраци.

Анализите, инаку, покалаже дека лицето содржи најголема концентрација на лутеин во целото тело, бидејќи тоа е најмногу изложено на сонце.

Во народната медицина листовите блитва се користат за обложување рани и чиреви, а чорбите од блитва се даваат на оние кои боледуваат од воспаление на бубрезите. Обварена блитва со исечкан лук се користи како антибиотик, а ако се додаде и магдонос, го подобрува излачувањето мокрача и ја чисти крвта.