Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Ова е новата Лада Нива: Моќен SUV со прекрасен изглед (Фото)

Компанијата АвтоВАЗ која е дел од Рено-Нисан групацијата и сопственик на рускиот бренд Лада, на Саемот за автомобили во Москва приреди изненадување и го претстави новиот концепт со кој ја најавува следната генерација теренци Нива.

Концептот е дело на главниот инжинер Стив Матин и неговиот тим, а крајниот производ е модерен SUV. Ако концептот го споредите со првата Нива, сигурно ќе забележите сличности помеѓу двата автомобили.

Технички детали засега нема, а соопштено е дека моделот ќе биде базиран на „специјална платформа“ како и дека ќе биде пократок од Дачиа Дастер.

Она што се наоѓа под хаубата исто така е мистерија, но познато е дека автомобилот поседува автоматски менувач.

Фотографиите од внатрешноста откриваат два екрани. Тука е и двозонската автоматска клима, можност за Bluetooth, темпомат и уште многу. Автомобилот е замислен како удобна и луксузна верзија на денешната Нива.