14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Му експлодирала електрична цигара во џеб (Видео)

Мохамед Зајид Абдихди (24) го опишал своето искуство во продавница за телевизори како „многу страшно“. Снимката од надзорна камера го фатила тој необичен момент. Мажот врескал и трчал по помош.

Десната нога му е изгорена на неколку места, како и неговата машкост.

– Пламна во џебот. Беше застрашувачки, раскажал Мохамед.

Мохамед тврди дека е во агонија и дека не може да оди. Вели дека веќе нема да користи електронски цигари.

Ова не е прв случај на експлозија кога се работи за е-цигари. Имало случаи кога електронска цигара им експлодирала на луѓе во уста. Експлозиите се случуваат поради батериите кои се потребни за функционирање на овие цигари.