14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва: Загрижени сме дека Вашингтон подготвува нови напади на Сирија

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов им рекол на американските претставници дека Москва е загрижена поради одредени знаци со кои располага, дека Вашингтон подготвува нови напади на Сирија, објави руската амбасада во САД, пренесе Ројтерс.

Според наводите, Антонов во разговорите одржани оваа недела, предупредил дека Русија е против неосновани и илегални агресии на Сирија.

Во објавата на официјалната страница на руската амбасада во Вашингтон е наведено дека Антонов се сретнал со повеќе американски претставници, вклучително и со специјалниот претставник за Сирија, Џејмс Џефри.

Спонзорирано: