Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема трагедија: Работник почина откако се сруши ѕид на градилиште

Во центарот на Белград утринава се случи несреќа во која животот го загуби едно лице. Имено како што јавуваат српските медиуми, немилиот настан се случил на градилиште на местото на поранешната амбасада на САД, каде се сруши ѕид и затрупа еден работник, кој почина на самото место.

Веднаш по несреќата е повикана Брзата помош, а на местото на несреќата има и голем број пожарникари, како и полициски службеници. Полицијата заедно со јавниот обвинител, се уште вршат увид на местото на настанот.

За време на несреќата, како што неофицијално дознаваат тамошните медиуми, на само неколку метри оддалеченост од местото на несреќата бил родениот брат на прочинатиот работник.

Претставник на компанијата која ја поседувала парцелата во Белград каде се изведувале градежните активности изрази длабоко жалење за несреќниот настан што се случи утринава.

Од компанијата искажаа и сочувство до семејството на загинатиот работник.

Фото: Блиц

„Заедно со надлежните органи работиме на утврдување на околностите што доведоа до оваа несреќа и поради тоа, во овој момент не можеме да ви дадеме попрецизни информации. Ние ќе бидеме на располагање на семејството за се што е потребно во овој момент, а јавноста ќе добие подетални информации веднаш штом надлежните органи ќе ги утврдат причините“, најавија од компанијата.

Спонзорирано: