14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Eксплодирала бомба за време на прослава, има жртви и повредени

Бомба скриена во торба експлодирала денеска за време на градска прослава на југот на Филипините. При експлозијата според досегашните податоци загинало едно лица, но повеќе од 30 лица биле повредени, објави воениот командант.

Според информациите од воениот командант, полициските службеници веднаш по нападот започнале со потрага по напаѓачот.

Полицијата и здравствените власти соопштија дека две од повредените лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.

Нападот се случил и покрај засилената безбедност и контролата на патиштата во регионот, откако властите добиле закани од муслимански екстремисти.

Според сведоштвата на очевидците сомнителната торба ја остави еден човек во близина на местото каде што се одржувала прославата, а кога полицијата по дојдавата од граѓаните тргнала по осомниченото лице, бомбата експлодирала, а лице побегнало од местото на настанот.

Спонзорирано: