8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Замрзнат имотот на еден од поголемите странски инвеститори во Македонија – државата води истрага

Замрзнат е имотот на странскиот инвеститор против кого Финансиската полиција води истрага и го сомничи за перење пари во земјава, јавува ТВ 24 прецизирајќи дека под блокада е банкарската сметка, но и целокупниот движен и недвижен имот на компанијата, која во изминатите години добивала државна помош од Владата.

Од Финансиската полиција за телвизијата не откриваат детали. Телвизијата повикувајќи се на неименувани извори јавува дека компанијата не е лоцирана во ТИР зоните, туку е сместена во околината на Скопје.

Директорот на Управата, Арафат Муареми за телвизијата вели дека истрагата ќе покаже дека дел од странските инвестиции се дојдени само за да земат што е можно повеќе пари од државата.

„Се води предистражна постапака. За скоро време ќе излеземе со детали за целиот случај, како почнал и кои се резултатите од истрагата, вели Арафат Муареми, директор на Финансиската полиција.“

Спонзорирано: