26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Македонија мора во НАТО да го дочека српско-косовскиот расплет, инаку следува ова

Повиците за бојкот на рефрендумот се крајно опасни и со потенцијални безбедносни импликации, ако се имаат предвид дел од идеите за решавање на проблемите во соседството на Македонија, предупредуваат аналитичари, јавува Дојче Веле на македонски.

– Неодговорни, авантуристички и крајно опасни се повиците за бојкот на рефрендумот со цел Македонија да остане надвор од НАТО и да се оддалечи од ЕУ, токму во време кога стигнуваат разни идеи за „последниот расплет на Балканот“, осносно решавањето на српско-косовскиот спор, предупредуваат домашни аналитичари. Тие препознаваат „печат“ на трети земји во начинот на кој во Македонија се пласираат лажни вести и сомнителни анкети, се со цел да се еродира важноста на плебисцитарното изјаснување на сметка на нивните регионални интереси. Сметаат дека партиските лидери, пред се, треба активно да следат што се случува во регионот, доколку навистина безбедноста и иднината на државата им е на прво место, пишува Дојче Веле.

Дека Македонија не смее да го преспие овој период, особено не со приспивни песни за бојкот, говорат се позачестените ставови на поддршка за решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина со размена на територии. Во таа насока е и анализата на професорот од Институтот за јавна политика на Централно-европскиот Универзитет, Марк Прелец, во угледниот портал „Политико“. Во текстот под наслов „Зошто Европа би требало да поддржи размена на територии на Србија и Косово“, тој објаснува дека оваа идеја, иако од разбирливи причини поттикнува загриженост, заслужува и внимателна поддршка на Запад.

„Европа од разбирливи причини многу стравува од промена на национални граница, но дискусијата за размена на територии на Косово и Србија, меѓу кои веќе двадесет година тлее конфликт, заслужува внимателна поддршка, односно надминување на долгогодишното конвенционално размислување во западните надворешно-политички кругови“ се вели во текстот, пренесе Дојче Веле.